Macedonian

Нуриел Рубини е интересен и несекојдневен буржоаски економист. Неговото главно тврдење по кои се прослави е тоа дека правилно ја предвиде финансиската криза во 2008 година, подвиг што не им се допадна на повеќето други економисти, кои не предвидоа апсолутно ништо. 

Постојат многу митови околу Ленин и болшевиците – особено во врска со потеклото на револуционерната партија во Русија. Роб Сивел го испитува важното поглавје од историјата на болшевизмот и нуди лекции за марксистите денес.

Уште една бомба без преседан го потресе веќе поларизираниот свет на американската политика и класната борба. Протечениот внатрешен меморандум подготвен од судијата на Врховниот суд Семјуел Алито, ја опишува основата за судско поништување на Роу против Вејд, историската одлука од 1973 година која пресуди дека Уставот на САД ја штити слободата на бремените жени да направат абортус без прекумерни владини ограничувања. Сега, како дел од циничното маневрирање на еден сегмент од владејачката класа за пренасочување на класната борба во таканаречената „војна на културите“, она што би требало да биде основно демократско право преку ноќ се фрла во отпад.

Во прилог се новости за ситуацијата во Украина напишани од Алан Вудс (уредник на marxist.com). Од почетокот на руската инвазија грст пропаганда се напумпа во Западните медиуми со кои се предизвика длабока хистерија, а сега весниците говорат и за опасност од Трета светска војна. 

Прва жртва на војната е вистината. Ова е точно и во случај со воената руска интервенција во Украина. Марксистите треба да се способни да се пробијат низ маглата од лаги и воена пропаганда и да ги анализираат вистинските причини позади конфликтот; што го предизвика и кои се вистинските интереси што лежат позади правдањето на вклучените различни страни. Над се, мораме тоа да го направиме од гледна точка на интересите на светската работничка класа.

На светско ниво моментално околу 800 милиони луѓе се борат со недостиг на храна, а околу 45 милиони се на работ на изгладнување. Ова се ужасни податоци во општество каде најбогатите заработиле околу 4000 милијарди долари само во првата година од глобалната пандемија.

Следи изјавата на Интернационалната марксистичка тенденција, и Марксистичката организација „Црвени“, за насилството на Израел против Појасот Газа во изминатите денови, а што продолжува да се засилува. Ние порачуваме: стоп на бомбардирањето, крај на окупацијата, работници и младинци од целиот свет, ангажирајте се и борете се за слободна Палестина како дел од социјалистичката федерација на Блискиот Исток!

Парламентарните избори на Косово, кои се одржаа на 14 февруари оваа година, завршија со убедлива победа на левичарското „Движење за Самоопределување“ Vetevendosje (VV/ВВ). Освоија 47,85% од гласовите, што споредено со резултатот од претходните избори– 27,7%, претставува раст од 20%. Десноцентристичката партија ДПК (Демократска Партија на Косово), основана од Хашим Тачи, заостана со само 17,41%. Буржоаско-конзервативната партија ДЛК (Демократска Лига на Косово), којашто долги години беше на власт на Косово, освои само 13,08%. Друга десничарска партија, Алијансата за Иднина на Косово, предводена од поранешниот командант на УЧК, Рамуш Харадинај, заглави со само 7,43%. Социјал-демократската

...